Пристапот до 70% од сите ресурси на отворената лабораторија за истражување во облакот ќе биде овозможен за сите истражувачи во земјата, врз база на отворени повици.
Отворените повици ќе се евалуираат периодично на двомесечно ниво, и тоа од технички и од научен аспект, и на предлог проектите кои конкурирале за ресурси и ги исплолнуваат техничките и научните критериумите ќе им биде овозможено користење на ресурсите од лабораториајта.
Техничката евалуација ќе се врши од страна на тим составен од експерти и истражувачи од ФИНКИ, кои имаат долгогодишно искуство во имплементација на проекти од областа на пресметување во облакот, пресметување со високи перформанси и вештачка интелигенција. При техничката евалуација ќе се утврдува
- соодветност на проблемот на побараните ресурси
- оправданоста од побараната количина на ресурсите
- достапноста на софтверските и системските ресури барани во апликацијата
Научната евалуација ќе се врши од страна на тим составен од истражувачи од ФИНКИ, дополнет со истражувачи од други области, во зависност од областа на апликацијата. Овие истражувачи ќе бидат пред се ангажирани од редовите на научниот кадар на УКИМ, а по потреба можат да бидат ангажирани и истражувачи од партнерски институции надвор од државата, со кои ФИНКИ има активни проекти. При научната евалуација ќе се земе во предвид:
- научната извонредност и релевантност на предлог проектот
- зрелоста на истражувачкиот тим
- референците
- изводливоста на проектот со побараните ресурси
Дополнително, во евалуацијата ќе бидат земени предвид и вклученоста на млади истражувачи во тимот, како и родовиот баланс.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЦИТИРАЊЕ:
Корисниците на лабораторијата, во трудовите кои ги публикуваат, а се изработени со ресурсите на лабораторијата, задолжително треба да го наведат следното цитирање:
Резултатите презентирани во овој труд се добиени со користење на ресурсите на лабораторијата за отворена наука во облакот на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кофинансиран од Министерството за образование и наука и Факултетот за компјутерски науки и инженерство.