За корисниците

Корисници на оваа лабораторија можат да бидат сите истражувачи од земјата, без оглед на научната област во која истражуваат. За да им се олесни пристапот до оваа инфраструктура, предвидено е да се одржуваат и редовни обуки и тренинзи, кои ќе бидат насочени како кон користењето на инфраструктурата, така и кон современите научни текови во врска со отворената наука, FAIR (Findable, Accessible, Interoperable and Reusable) податоци. Овие обуки ќе бидат организирани во соработка со актуелните EOSC H2020 поврзани проекти во кои тековно активно учествува ФИНКИ, УКИМ:

  • NI4OS-Europe
  • EGI-ACE
  • EOSC-FUTURE
  • EuroCC
  • Skills4EOSC
  • EuroCC2
  • EOSC Beyond

Лабораторијата исто така ќе овозможи и пристап до инфраструктура за процесирање со високи перформанси. Во рамките на тековниот проектот од H2020 програмата EuroCC, ФИНКИ при УКИМ се воспостави како национален центар на извонредност за процесирање со високи перформанси, анализа на податоци со високи перформанси и вештачка интелигенција (HPC, HPDA и AI), во чии рамки се реализирани голем број на активности за јакнење на потенцијалот за искористување на овие технологии, развој на тренинг материјали како и активности за користење на овие напредни технологии од страна на индустријата.

Пристапот до ресурсите на лабораторијата ќе се изведува преку отворени повици.