ТРЕНИНГ: АНАЛИЗА НА НАУЧНИ ПОДАТОЦИ СО KNIME
На 15.12.2022 година се одржа првиот тренинг во рамките на отворената лабораторија за истражувањ во облакот.
Обука се однесува на алатката KNIME (https://www.knime.com/) за анализа на податоци, со визуелен интерфејс, без кодирање, што ја прави оваа платформа соодветна за луѓе од различни области. Ќе биде претставен процесот на креирање на аналитички модели, почнувајќи од едноставни, до по сложени модели на машинско учење. Практично ќе бидат прикажани примери за анализа, предвидување, класификација и кластерирање на податоци од различни области, како од медицината, економијата, енергетиката и сл.
Предавачи вонр. проф. д-р Мирослав Мирчев и доц. д-р Александра Дединец од ФИНКИ.
Leave a Reply